Во Националната опера и балет вечер ќе биде изведена операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини под диригентство на Андреја Наунов.
Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), сценограф Марија Ветероска, а костимограф Марија Пупучевска.
Изведувачката екипа, во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет, ја сочинуваат: Васко Здравков (Фигаро), Билјана Јосифов (Розина), Благој Нацоски (гроф Алмавива), Владимир Саздовски (Дон Базилио), Невен Силјановски (Дон Бартоло)