Националната установа Завод и Музеј-Битола во координација со Управата за заштита на културното наследство, спречија оштетување на неолитскиот локалитет Влахо.

Најстарата неолитска населба во земјава се наоѓа во непосредна близина на пелагониското село Живојно, локација во чија околина се вршат и ископи за јаглен.

Неолитскиот локалитет Влахо е во фаза на истражување и македонските стручњаци очекуваат да се обезбедат значајни информации за македонската, но и европската археологија.

Од НУ Завод и Музеј-Битола информираа дека неолитската населба Влахо е стара околу 8.500 години и се очекува истражувањата на локалитетот да продолжат.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2023 10:14