Во галеријата „КО-РА“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечер од 19.30 часот ќе биде отворена мултимедијална изложба „Вечното танго“ инспирирана од делата на Астор Пјацола и од т.н. златен период на тангото.

Се работи за традиционална изложба која, како што велат организаторите, секоја година здружува се повеќе уметници од земјата и од надвор од неа, инспирирани од тангото како интеркукултуролошки феномен и моќна врска меѓу културите, народите, ентитетите, уметностите низ светот.

-Во рамките на овој мултимедијален проект, кој секоја година беше инспириран и насловен според славните танга „Танго обливион“, „Либер танго“, „Танго нуево“, и оваа година се најавени дела на бројни домашни и стрнски учеснци, соопшти организаторот.

По отворањето на изложбата, со свој танц перформанс ќе се придружат и членовите од Сатудиото за танц „Фамилија Тангови“. Во мултимедијалниот дел се предвидени и видеопроекции, перформанси, концертен настап на музичарите Драган Гоневски - виолончелист и Димитар Ганчевски - пијано...

Оваа година како соорганизатор на настанот се придружува и Фестивалот на светските уметнички игри (WAG) чие шесто издание минатата година се одржа во Домот на културата „Кочо Рацин“-Скопје, а годинава, по седми пат, ќе се одржи во Париз.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2023 10:16