КСП „Центар-Јадро“ соопшти дека изложбата „Човеколики неволји“ наместо вечерва ќе биде отворена утревечер од 20 часот, поради прогласувањето ден на жалост во земјава за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија. „Човеколики неволји“ е уметнички проект на авторката Ивана Мирчевска, составен од видеоперформанс, звучен пејзаж и инсталација. Во проектот учествуваат Ангела Манчевска, Дијана Велковска, Ивана Самандова, Ивана Јовановска, Јован Гаковски, Кристијан Стефановски, Риџет Ферати и Христина Крстеска.