Во пресрет на празниците Св. Трифун и Св. Валентин, националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола, во салонот за промоции постави празнична изложба на книги.

Членови читатели и пријатели на библиотеката може да ги видат книгите и да се потсетат на повеќе наслови од македонски и странски автори кои пишувале на тема вино, љубов, традиција.

На празничната изложба изложени се книгите кои асоцираат на празникот Св. Трифун, односно „Вино, култура и традиција“ од авторот Мишо Христовски, „Леб и вино“ од Димитар Христов“, „Во виното е вистината“ од Милијана Павловска....како и книги кои организаторот ги посвети на празникот Св. Валентин, односно книгата „Добро утро, љубов!“ на авторката Милена Лунеска, „Време за љубов“ од Маја Стојковска, „Се е љубов“ од Јована Хисмаер, „Еднаш одигравме љубов“ на Елена Конеска, потоа книгата „Неможеш да ми купиш љубов“ од Мари Форс, „Последното љубовно писмо“ од Џоџо Мојес...и други.

Празничната изложба ќе биде поставена и достапна на читателите до 20 февруари, информираа од НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2023 10:36