Изложба насловена „Словенија во енциклопедијата Википедија“ ќе биде отворена утревечер во 19:30 часот во Скопје по повод словенечкиот културен празник - Прешернов ден.
Постановката е во организација на Словенечкиот центар - Скопје, Shared Knowledge / Споделено знаење и во соработка со НЛБ Банка Скопје и СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен“, Скопје. Влезот за изложбата е слободен и може да се погледне во галеријата на НЛБ Банка во Скопје. Прешернов ден е државен празник во Словенија кој се одбележува на 8 февруари, денот на смртта на словенчкиот национален поет Франце Прешерн. Овој ден е назначен како празник од 1945 година за да се подигне културната свест и самодоверба на Словенечката нација. На 7 февруари, во пресрет на празникот, се доделуваат Наградата Прешерен и Наградите на Фондот Прешерен, највисоките словенечки признанија за културни достигнувања.