На петгодишнината од смртта на политичарот Абдилаќим Адеми на Универзитетот во Тетово постхумно беше промовирана неговата книга „Графени - синтеза, карактеризација и примена“.
Овој труд го објави Аналитичкиот истражувачки центар „Абдилаќим Адеми“. Книгата е докторска дисертација на покојникот за областите нано-технологијата и нано-материјалите.
- Сите овие публикации се неизбежен столб на афирмација на научната работа на академскиот и научниот кадар внатре и надвор од Универзитетот во Тетово. Се сеќаваме на Абдилаќим Адеми како поддржувач на напредокот на високото образование во Македонија, пријател на Универзитетот во Тетово, кој е поврзан со историјата на нашиот универзитет уште пред неговото официјализирање, ангажиран во Собранието на Република Северна Македонија, да учествува во изработката на Законот за легализација на Универзитетот во Тетово, додека како асистент во Центарот за политехнички студии даде директен придонес во неговото формирање, порача на промоцијата ректорот на УТ, Куштрим Ахмети.
Редактор на оваа публикација е професорот Хамит Мехмети од Универзитетот „Иса Болетини“ во Митровица, Косово.
- Абдилаќим Адеми на почетокот беше голем вљубеник во образованието, истражувач и научник, кој ветуваше многу, со голема љубов кон науката и со неспоредлива волја за воспоставување на вистински научни рамки, со многу идеи за реализација на овие желби и несомнено дека ќе можеше да ги реализира една по една, доколку тешката болест не го запреше неговиот чекор, рече професерот Мехмети.
Абдилаќим Адеми е роден на 20 декември 1969 година во селото Шемшово. Основното образование го завршил во родното село, а потоа средното образование го продолжил во гимназијата во Тетово. Студиите ги започнал во Митровица, но дипломирал во Албанија на Политехничкиот факултет на Универзитетот во Тирана, а во 1996 година ја добива титулата металуршки инженер. Тој, исто така, по легализацијата на Универзитетот во Тетово, во 2004 година е именуван за асистент на Градежниот факултет. Во 2018 година на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје се запишал на докторски студии, но не успеал да ја одбрани дисертацијата. Почина на 16 февруари 2018 година.
Како член на ДУИ беше министер во Министерствата за животна средина и просторно планирање и за образование. а