Во Аудио центар Болин во ГТЦ денеска ќе се биде промовиран новиот јубилеен, петти по ред албум FIN Project Orchestra.
Оркестарски аранжмани подготвија Јован Јовановски, Сенад Усеин и Билјана Петровска, а автор и продуцент е Никола Стојковски. Низ седум музички нумери и стихови од неколку великани на македонскиот пишан збор како Ацо Шопов, Марко Цепенков, Радован Павловски, Горан Трајковски, овој албум пропагира култура, уметност, еднаквост и слобода, ставајќи акцент на традиционалните и културни вредности.