Дела од Ликовна колонија „Валандово“, од денеска се изложени во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци. Се работи за дела изработени од дваесетина ликовни уметници од земјава и странство.

Ликовниот уметник Владимир Темков, ментор и учесник во колонијата, информираше дека колонијата се одржала во Домот на култура „25 Мај“ во Валандово.

Директорот на валандовската културна институција, Дејан Исиров изрази задоволство, што и кавадарчани ќе можат да ги видат делата, насликани во рамките на колонијата.

Директорката на „Иван Мазов – Климе“, Јулијана Туриманџова соопшти дека учесниците во колонијата, твореле во техники, акрил и масло на платно.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2023 14:07