Фондацијата „Конрад Аденауер“ денеска ќе ја промовира публикацијата „Македонската модерна центар-десница и предизвиците поврзани со животната средина”, од д-р Даме Димитровски, Дејан Димитриев и Радован М. Спиридонов.
Настанот ќе го отвори директорот на Канцеларијата на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Скопје, Даниел Браун и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, а покрај авторите на публикацијата, обраќање на темата ќе имаат и пратеничките Гордана Сиљановска-Давкова и Рашела Мизрахи.
- Публикацијата служи како прирачник и поттик во насока на воведување одржливи политики за животна средина во земјата, кои би биле во согласност со Европскиот зелен договор и би нашле соодветно место во политичката платформа на македонската центар-десница, наведоа од „Конрад Аденауер“.