Факултетот за современи науки и технологии при Универзитетот на Југоисточна Европа денеска организираше петта по ред изложба со дела на студенти по архитектура и дизајн. Се претставија 164 студенти од прва до трета година.
-Студените од прва година денеска имаат прва изложба, со модели и графичките дизајни и проекти што ги направија поедноставно на хартија. Потоа следуваат делата со значителен прогрес и развој во работата што студентите ја имаат направено во втората година. Веќе имаме комплетирани проекти, проектирани и во модели макети па и во компјутерски дизајн или дизајн со Аутокад за да продолжат идните семестри да развијат уште подобри модели во компјутерски дизајн. Студентите од трета година се понапредни, реално ние може да ги сметам како архитекти, по што веќе имаат подготвено и целосни досиеја на проекти како што би изгледале во нормални услови, изјави на отворањето Адријан Бесими, проректор за наука при УЈИЕ.
Новинарите го прашаа професорот по архитектура Бекир Адеми колку студентите се запознаваат со статиката на објектот, со оглед на актуелноста на земјотресите кои во Турција и Сирија одзедоа десетици илјади човечки животи, меѓу другото и поради неправилно изградените згради.
Тој образложи дека Градежно конструктивен проект или статика е предметот кој студентите го изучуваат но во архитектурата мора да се знае дека е само еден дел од поголем мозаик кој би означувал квалитетна градба со голема отпорност на земјотреси.
-За студентот многу е битно во тој процес на проектирање, на дизајнирање да речам, е да ја сфати логиката на конструкцијата на објектот. За таа конструкција, освен општи знаења, треба да има и за неговата пропорционалност, форма итн. Воедно тука се работи и за одговорност на самиот инженер архитект, значи таа одговорност е пред сè, во понатамошен негов развој како професионалец, рефлектира и во колективното дали било тоа колективно проектирање, градење и така натаму сето тоа е како како една целина, цел еден мозаик. И студентот кој понатаму ќе се развива во еден професионалец е дел од тој мозаик, изјави професорот Бекир Адеми.
Студентите се претставија на слободна тема односно проекти за разни видов на објекти и конструкции.