Во КСП „Центар Јадро“, денеска, во 17 часот, ќе се одржи проекција на краткиот документарен филм „Градина на пријателите“ на режисерот Срѓан Марковиќ.
Како што наведуваат органиозаторите, приказната ги открива световните патишта на тројца пријатели кои ги довеле до нивното духовно будење. Градината е асоцијација на почеток и нова надеж. Како место каде се сретнуваат пријателите и нивните приказни.
Дел од екипата на филмот ќе биде присутна на проекцијата, и во дијалог со публиката ќе донесе нов дел од своите патешествија.