Во Македонскиот народен театар – Скопје започнаа пробите за новата претстава „Иванов“, по текстот на А. П. Чехов. Преводот од руски јазик го направи Драгица Најческа, а адаптацијата и режијата се на Зоја Бузалковска.
Во претставата ќе играат Благој Веселинов, Драгана Костадиновска, Оливер Митковски, Ѓорѓи Јолевски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Григор Јовановски, Нина Деан, Александар Ѓорѓиески, Александар Михајловски, Николина Кујача, Ивица Димитријевиќ и Мартин Ѓоргоски.
Сценографијата е на Зоја Бузалковска, Илина Ангеловска и Тодор Дајевски, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, музиката е на Давид Ангелевски. Спортските качувања и движења се на Александар Зарапчиев, а физичките вежби и движења се на Нина Деан.
На сцената на Македонскиот театар од А. П. Чехов досега се поставени драмите „Галеб“ (1960, 1990 и 2018), „Три сестри“ (1970), „Иванов“ (1984), „Вишновата градина“ (1997 и 2010), „Малиот човек“ (2004), „Вујко Вања“ (2015). Ова е четврта претстава која Бузалковска ја поставува во МНТ - по „Песочна сложувалка“ (1999), „Вујко Вања“ (2015) и „Квартет“ (2016). Премиерата се очекува во текот на мај, информираат од НУ Македонски народен театар.