Излезе од печат книгата ,,Море од скршени срца" на авторот Филип Стоименовски од Македонска Каменица. Ова е прво публикувано дело на младиот автор, кој со пишување се бави уште од најрана возраст. - Делата кои ги имам напишано се за љубовта секојдневниот живот и се стотина на број. Значи пишувам на разни теми, а ова е моја прва книга. Во подготовката на книгата ми помогна нашата сограѓанка Климентина Соколовска која ги направи фотографиите за кориците, како и во самата книга, истакна Стоименовски. Книгата е издадена со поддршка на Културно-информативниот центар ,,Романса", од каде најавија понатамошна поддршка и на други автори. -КИЦ ,,Романса" Македонска Каменица продолжува со подршка на роднокрајните автори од општина Македонска Каменица. Филип Стоименовски кој е ученик во С.О.У. ,,Миле Јаневски-Џингар" го доби своето прво издание "Море од скршени срца" и му посакуваме успех понатаму, со можност да продолжи со пишување, додадоа од КИЦ ,,Романса". Промоција на книгата на младиот роднокрајниот автор како што додадоа од каменичкиот Дом на култура ќе биде промовирана во текот на овој месец.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2023 11:55