Второто коло на АТП Мастерс турнирот од серијата 1000 во Индијан Велс го донесе и првото големо изненадување, откако Австралиецот Џордан Томсон го исфрли вториот носител Стефанос Циципас.
Томсон, рангиран на 87 место на АТП листата, триумфираше над третиот светски рекет со 7-6, 4-6, 7-6.
Истовремено во третото пласман обезбедија четвртиот тенисер на АТП листата, Норвежанецот Каспер Руд, втората тенисерка на ВТА листата, Белорусинката Арина Сабаленка и Британецот Камерон Нори (АТП-12), додека својот настап во Индијан Велс го заврши деветтата светска тенисерка Белинда Бенчиќ од Швајцарија.