Швајцарецот Марко Одермат победи на денешниот, прв од двата велеслаломи во Крањска Гора, и со тоа го обезбеди освојувањето на Големиот кристален глобус втора година по ред во Светскиот куп во алпско скијање.

Одермат до својата 21 победа во кариерата, а десетта оваа сезона во Светскиот куп, дојде со време од 2:16, 65 минути со што за 23 стотинки го надмина Французинот Алексис Пинтеро.

Третото место на саботниот велеслалом во Крањска Гора го освои Норвежанецот Хенрик Кристоферсен со заостанување од 37 стотинки.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2023 04:53