Шведската скијачка легенда Ингемар Стенмарк, кој денеска остана без рекордот според бројот на победи во Светскиот куп (86) изјави дека Американката Микаела Шифрин заслужено го симнала од врвот на вечната листа.
„Навистина се воодушевувам на начинот на кој Микаела скија. Таа заслужи да го собори рекордот“, рече 66-годишниот Стенмарк, кој до двоите 86 победи во Светскиот куп дојде во текот на 70-те и 80-те години од минатиот век.
Шифрин го собори апсолутниот рекорд според победи во Светскиот куп откако денеска триумфираше на слаломот во шведскиот зимски центар Оре.
За Шифрин ова беше 87 победа во Светскиот куп, една повеќе од Стенмарк.