Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон размислува да го напушти Формула 1 тимот, изјави водителот на „Sky Sports“, Сајмон Лазенби.
Триесет и осумгодишниот Британец е разочаран од лошиот старт на сезоната - го освои петтото место на трката за Големата награда на Бахреин.
Претходно Хамилтон изрази јавно незадоволство поради фактот што раководството на Мерцедес го игнорирало неговото мислење при развојот на новиот болид.
Договорот на Хамилтон со тимот истекува на крајот од сезоната. Тој има седум шампионски титули во Формула 1.