Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, по повод јубилејот 70 години од основањето распишува конкурс за најдобар есеј за три категории - ученици од основни, ученици од средните училишта и студенти. Темата за учениците од основните и средните училишта е „Јазикот наш денешен“. Пријавата е достапна на линкот, а учениците од средните училишта може да се пријават на овој линк. За студентите темата е „Што направивме и што треба да направиме за македонскиот јазик“ и тие можат да се пријават на линкот. Конкурсот трае до 10 април годинава, а резултатите ќе бидат објавени на 5 мај, по повод Денот на македонскиот јазик, на огласната табла и на веб-страницата на Институтот. Наградите ќе бидат врачени на 28 јуни при одбележувањето на јубилејот, во рамки на Отворените денови на Институтот. Комисијата ќе додели дипломи и награди за трите најдобри есеи. Спонзори на наградите се издавачките куќи „ТРИ“ „Антолог“ и „Култура“.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2023 12:09