Годинава на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ ќе учествуваат 25 екипи од 22 држави во светот, од Јапонија, Индија, Кина, Словачка, Турција, Португалија, Бугарија, Србија, Израел и други.

Според востановената традиција, домаќинот и организатор на манифестацијата, Детско ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“-Битола ќе ги реализира 41. светска ликовна изложба „Битола“ и 42. издание на светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“.

- Заклучно со 15 март, на светскиот детски ликовен конкурс „Битола“ пристигнаа 650 пратки од 71 држава кои генерирале фонд од над 44.000 детски ликовни цртежи чии автори се над 38.000 ученици од цел свет, информираа од ДЛС „Св. Кирил и Методиј“-Битола.

Резултатите од конкурсот и наградените ќе бидат соопштени на почетокот од идниот месец, а најновото издание на „Мал битолски Монмартр“ ќе се одржи на 24 мај.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2023 09:56