Берни Еклстоун го сподели своето мислење за кризата на мотоспортот во Германија.
Конкретно, поранешниот прв човек на Формула 1 изрази жалење поради фактот што земјата не е домаќин на Гран при почнувајќи од 2021 година. По заминувањето на Себастијан Фетел и Мик Шумахер, од Германците само Нико Хулкенберг остана во шампионатот.
- Се прашувам што не е во ред со Германија? Имаше толку многу шампиони во земјата. Но, се чини дека публиката изгуби интерес за Формула 1. Германија ја изгуби важноста за Формула 1. Порано имаше одлични трки со голема публика. Но, тоа е готово. Многу ми е жал што ја загубивме Германија од Формула 1. Трките повеќе не се одржуваат. Изгледа за Германија повеќе не постои Формула 1, изјави Британецот.
Во исто време, Еклстоун признава дека ситуацијата може да се подобри:
- Би тврдел дека постои основа врз која повторно може да се изгради успех во Германија. Можеби организаторите не се потрудија доволно. Веројатно одржаа мали, пријатни, локални трки, а не меѓународни, погодни за форматот на Светскиот куп. Тие не пораснаа со Ф1. зс/
Во сезоната 2023 ќе има рекордни 23 трки од светскиот шампионат во Формула 1.