Петкратниот олимписки шампион во биатлон Јоханес Бо постави рекордот по најмногу победи во една сезона.

Норвежанецот денеска победи во спринтот на 10 километри Светскиот куп во Холменколен - ова е негова 17-та победа сезонава.

Бо го собори сопствениот рекорд поставен во сезоната 2018/19, тогаш потоа победи на 16 трки.

Во сабота и недела, последните две трки од сезоната ќе се одржат во Холменколен кога на распоредот е потера и масовниот старт.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2023 04:43