Путин и Ердоган кројат историја. Потпишан договорот за “Турски тек“

Во понеделникот во Истанбул,во присуство на Путин и Ердоган, министрите за енергетика на Русија и Турција, Александар Новак и Берат Албарјак го потпишаа договорот за иградба на гасоводот “Турски тек“ кој беше ставен во мирување по затегнатите односи помеѓу Русија и Турција поради уривањето на рускиот бомбардер од страна на Турција на границата со Сирија. Деталите од договорот не и беа соопштени на јавноста освен изјавата на Претседателот на управниот одбор на Газпром, Алексеј Милер, кој соопшти дека Договорот предвидува да бидат изградени две линии на гасоводот од Русија преку дното на Црното Море до Турција а гасот што ќе и се доставува на Турција ќе биде по пониска цена од пазарната. Изградбата на гасоводот би требало да заврши во 2020 година. Идејата за реализација на еден ваков енергетски потфат доаѓа по пропаѓањето на идејата за реализација на Јужен тек, врз кој Европската унија изврши силно влијание овој проект да не биде реализиран. Инаку ова е втора средба во последните неколку месеци помеѓу Владимир Путин и Ердоган со што јасно се дава на дознаење дека дипломатската војна помеѓу овие две земји е надмината. Средбата се одржа на маргините на конференцијата за енергетика чиј домаќин е Турција.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2016 18:26