Германскиот мечувалечки сојуз ја откажа организацијата на Светскиот куп во флорет за жени, откако глобалното раководно тело во мечување (ФИЕ) ја поништи забрана за настап на спортисти од Русија и Белорусија.
На спортистите од двете земји им е забрането учество на многу меѓународни натпреварувања поради руската инвазија врз Украина и белоруската поддршка на војната.
Над 60 земји – членки на ФИЕ гласаа за укинување на забраната за руските и белоруските спортисти на минатонеделниот вонреден конгрес на ФИЕ.
Претседателката на германската мечувалечка федерација (ДФБ), Клаудија Бокел, рече синоќа дека одлуката предизвикала „жестока расправа“.
„Нашата солидарност е со народот на Украина кој страда од агресорска војна“, изјави Бокел.
Германија требаше да го организира женскиот Светскпот куп во флорет од 5 до 7 мај.