Босанската кошаркарска федерација го откажа настапот на националниот тим на олимписките квалификации поради беспарица и проценка дека најдобрите играчи ќе ја бојкотираат репрезентацијата.
„Постојат повеќе причини за таквата одлука. Првата е финансиска. А, не е ниту реално да се очекува дека најдобрите играчи ќе го прифатат повикот“, изјави претседателот на Кошаркарската федерација на БиХ, Далибор Милош.
Тој појасни дека одлуката да го откажат настапот на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри 2024 во Париз е донесена во консултации со селекторот Адис Бечирагиќ.
Босанската кошаркарска репрезентација лани во последен момент доби средства да настапи на Европското првенство.