Швајцарскиот скијач Марко Одермат испиша историја со денешната победа во велеслаломската трка во завршницата на Светскиот куп во Андора со што дојде до рекорден збир од 2024 бодови, 24 повеќе од досегашниот рекордер Херман Маер, кој во сезоната 1999/2000 освои 2000 бодови.

До 13. победа сезонава, со која се израмни со рекордерите Ингемар Стенмарк и Марсел Хиршер според бројот на победи во една сезона, Одермат дојде на убедлив начин пред Норвежанецот Хенрик Кристоферсон (+2.11) и Марко Шварц од Австрија (+2.29).

Најдобрите светски скијачи в недела ќе се борат за слаломскиот Мал кристален глобус



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2023 16:19