Напад извршен за време на Олимписките игри 2024 во Париз со беспилотни летала, кои сега се во центарот на вниманието и интегрирани во терористичкиот арсенал, се сценарио што сериозно го земаат предвид француските власти, ветувајќи одбранбен систем „без конкуренција“.

„Тоа навистина сериозно го сфаќаме и работиме на тоа сценарио веќе подолго време“, изјави висок претставник вклучен во организацијата на ОИ 2024 за француските медиуми.

Олимписките игри во минатото во неколку наврати беа цел на терористички напади.

Израелскиот олимписки тим беше цел на напад на палестински командоси за време на Игрите 1972 во Минхен, додека за време на Олимпијадата 1986 во Атланта бомба експлодира во парк.

Оттогаш ниту еден терористички чин не ги засени олимписките игри, но заканата секогаш постои.

„Олимписките игри се идеален излог бидејќи се најголем телевизиски настан и секако дека безбедносните служби работат на сите сценарија за да спречат можен напад. А, многу е јасно дека дроновите се на врвот на нашите приоритети“, порача високиот претставник на Организацискиот комитет.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2023 04:37