Боксерскиот клуб Вардар од Скопје е петтопласиран во Регионалната лига по петтото коло што овој викенд се одржа во салата „Врбанска“ во Марибор.

На табелата води Нови Пазар со 160 бодови, пред Славија (133), Лозница (132), Сомбор (131), Вардар (72), Раднички (71), Марибор (63), Никшиќ (54), Железничар (29), Свети Донат (0).

До крајот на регуларниот дел од сезоната 2022/23 преостануваат три кола кои ќе се одржат во Скопје, Сомбор и Нови Пазар.

Потоа ќе уследи жрепка за организација на плејофот во кој за титулата во Регионалната боксерска лига ќе се борат четирите најдобро пласирани екипи.

Прв шампион на обединетата регионална боксерска екс – Ју лига е тимот на белградска Црвена ѕвезда која во големото финале во Скопје ја совлада Лозница.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2023 04:59