Една од најуспешните тенисерки на сите времиња Мартина Навратилова објави дека ја добила битката со ракот на дојката и грлото.
Шеесетишестгодишната поранешна американска тенисерка од чешко потекло ја објави веста во емотивно интервју во емисија на британскито водител Пирс Морган, која ќе биде емитувана в среда.
„Колку што знам, засега немам рак“, рече во интервјуто 18-та освојувачка на грен – слем титули, од кои половината на Вимблдон.
Ракот на дојката и грлото на Навратилова и беше дијагностициран на крајот од минатата година во почетна фаза.
На Навратилова во 2010 година, исто така, и беше дијагностициран рак на дојката во почетна фаза.
„Цврсто верувам дека кога животот ќе те погоди со трагедија, без разлика колку и да е голема, во основа имаш два избора. Да се повлечеш или да се оттурнеш и да се побуниш. Целиот мој живот јас бев бунтовник на некој начин и секогаш возвраќам“, рече Навратилова, која од 2014 година е во брак со Јулија Лемигова.