Во салоните на галерија „Ко-ра“ синоќа беше отворена изложба со над педесетина учесници по повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата, со наслов „Нашата визија за алтернативни живеалишта во хармонија со природата“.

Изложбата ја отвори Виолета Калиќ, дипломиран историчар на уметноста, куратор на оваа традиционална изложба и стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје.

- Помеѓу овогодишните учесници се м-р Марија Светиева, Наим Исени, м-р Валентина Илијевска, Aфердита Кики, м-р Петра Јовановска, м-р Назли Џан, м-р Наталија Пулејкова Радевска, м-р Шчипе Мехмети, Ангелина Поповска, Љупчо Бојаров, м-р Христина Зафировска, м-р Маја Танева, Билгаиб Кочишта Биге, м-р Жанета Радевска Спировска, Ангелца Стоиљковиќ, Мира Спировска, Ивона Велковска, Александар Ацо Tаневски, м-р Борјана Ѓоргиевска, м-р Славица Танеска, Лиле Јовановски, Дијана Радевска Стојановска, Емилија Еми Норис, Гордана Каракашевска, Љубе Алексовски, м-р Билјана Билбилоска, Зулејха Али Зубери, Виктор Бранѓолица, Мартин Буровски, Елизабета Костова, проф. д-р Билјана Петановска Илиевска, Андријана Андреева/ Ани Соро,Тања Кузманоска, Ленче Коцевска, Сузана Арсова, Анита Огњановска, Дијана Петкова, Дејан Николов, Катерина Биновска, Катерина Сековска Анѓеловиќ, од сферата на дизајнот Невенка Туниќ , енкаустика на Јорданка Мирковска, на стакло – проф. д-р Ванѓа Радевска, изложени се и делата на Гордана Винчиќ од Шведска, Ванеса Герсајд од Велика Британија, Биккел од Холандија....Изложбата од мултимедијален карактер со бројни дела во разни техники,слики, скулптури, цртежи, фотографии, колажи, но и дизјанирана облека на модната креаторка Невенка Туниќ. Настанот беше надополнет со настапот на гитара на Ангеле Митревски и со вокалниот перформанс на уметницата Сарита Конеска, се наведува во соопштението.

Во контекст на оваа интердисциплинарна манифестцаија, најавено е предавање на проф. д-р Ванѓа Радевска, за особеностите кај човекот - личност, како и „Пролетна поетска вечер“.

- Во новиот салон на галерија „Ко-ра“ се отвори голема изложба на група студенти од Универзитетот „Свети Кирил и Методи“ во Скопје, под раководство на Александар Петановски, проф. Саша Тасиќ, проф. д-р М. Бакалчев која ја отвори оваа инвентивна изложба на проекти, макети, објекти кои го акцентираа значењето и можностите за интегрирање на Тврдината во услови на ововремено современо живеење и дејствување. На изложбата беа застапени делата на група и други студенти, професори, асистенти, од Факултетот за архитектура при Универзитетот„Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, пишува во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2023 09:33