Флавио Бријаторе проговори за разочарувачкиот почеток на сезоната од Ферари. По две етапи, Скудерија е четврта во шампионатот за конструктори.

- Го гледавме ова Ферари со години. Ништо уникатно не се случи - истото се случуваше во минатото. Ферари мора да делува похрабро. Минатата година тимот имаше предност, но потоа ФИА ги промени правилата. Да бев на местото на Ферари, немаше да дозволам да се менуваат прописите. И комуникацијата не е сјајна. Во зима, Ферари секогаш се смета за претендент за титулата, а потоа излегува дека не е така. За време на презентацијата на болидот извршниот директор Бенедето Виња рече дека тоа е најбрзото Ферари во историјата. Ваквите изјави се само збунувачки. Не можете да ветувате премногу! Сега Ферари е обврзан да го освои шампионатот, но, за жал, другите тимови се снајдоа многу подобро. Ќе биде многу, многу тешко да се надомести разликата, рече на Радио Раи 1 поранешниот шеф на Бенетон и Рено.

По првите две трки сезонава во Ф-1 шампионатот, ферари е на 4.место со 26 освоени бодови, 61 помалку од лидерот Ред Бул.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2023 09:38