Средношколците од кумановското училиште „Наце Буѓони“ денеска разговараа на тема булинг, родово еднаквост и семејно насилство во рамки на настанот „Простор за разговор“, преку проект кој го реализира Интерарт културниот центар со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје во соработка со локалното здружение „Мајка“.

Во рамки на средбата средношколците го разгледаа филмот „Простор за разговор“, кој ја опфаќа темата за родовата еднаквост и семејното насилство и низ уметнички активизам ја подигнува свеста за овој огромен проблем во општеството, а со учесниците разговараа Лидија Илиева, претседателка на хуманитарното здружение „Мајка“ и Рисима Рисимкин, уметник и професор.

- Она што ме интересира како уметник е дали можам на некој начин да придонесам во општеството, да се посочат одредени теми. Проектот го ремизира Интерарт културниот центар со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“, Националната мрежа против семејно насилство и локалните партнери во Куманово ХЗ „Мајка“. Сметам дека тоа е горлив проблем во општеството, како уметник работев со жени со кои разговаравме за нивните проблеми и од тоа направивме сценски рефлексии во вид на танцов перформанс. Многу поважно е да допреме до младите во секој град, со кои ќе имаме интерактивен разговор и да им посочиме и помогнеме преку искуствата пренесни во интервјуата, сфаќаме дека од мали нозе треба да се учат за толеранција, прифаќање на различности итн., и да разговараат за вистинските вредности, изјави, уметникоти професор, Рисима Рисимкин

Таа најави дека вечерва во НУЦК „Трајко Прокопиев“, во 20 часот, во фоајето на центарот каде ќе се одржи краток танцов перформанс на Скопје танцовиот театар во соработка со катедрата за танц при УГД, „Простор за разговор“, по кој ќе се проектира филмот. По завршувањето на проекцијата ќе се отвори дискусија на темата, на која учесници ќе се Лидија Илијевска, претседателка на ХЗ Мајка, Габриела Бошков, психолог и психотерапевт, Ана Зафирова, новинарка и активистка и Огнен Јаневски, амбасадор против говорот на омраза за Западен Балкан на Советот на Европа и ЕУ.

Лидија Илиевска од ХЗ „Мајка“ кажа дека целна група се млади од прва година која менуваат средината и често се соочуваат со булинг.

- Целта е да преку разговори да ги информираме учениците за различни видови насилство и она што се јавува кај нив булинг, да видиме како размислуваат, дали се соочиле со булинг и се надеваме дека преку креативни активности и работилница сакаме да допреме до младата популација посебно, учениците од прва година, изјави Илиевска.

Покрај Куманово, вакви активности се предвидени и во други градови од државата.

Партнери на националната турнеја на проектот „Простор за разговор“ се универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и „Националната мрежа против семејно насилство“, како и локалните партнери и соработници од градовите во кои се случува турнејата и кои се занимаваат со темата на родова еднаквост и родово базирано насилство.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2023 14:54