Украинските мечувалци, тренери и судии во овој спорт најавија дека ќе ги бојкотираат квалификациските турнири за пласман на олимписките игри кои идната година ќе се одржат во Париз.

Најавата доаѓа откако Меѓународниот мечувалечки сојуз (ФИЕ) претходно овој месец стана првата спортска федерација кој ги отвори вратите за можен настап на руски и белоруски претставници на Олимписките игри 2024.

„Оваа одлука е голема срамота. Ние сме во шок и тоа е неприфатливо. Се чини дека овој случај покажа оти парите се поважни од олимписките начела“, соопшти денеска Украинскиот мечувалечки сојуз.

Претходно овој месец на вонредниот онлајн конгрес на ФИЕ, над 80 од вкупно 136 делегати гласаа да им се дозволи настап на руски и белоруски мечувалци на натпреварувањата во екипна и индивидуална конкуренција.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2023 04:48