Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек се повлече денеска од ВТА турнирот во Мајами поради повреда на ребрата, соопштија организаторите.
Швјонтек, која лани го освои турнирот во Мајами, требаше утре во второто коло да игра против Американката Клара Ли.
Полската тенисерка наведе дека одлуката да се повлече од турнирот во Флорида по консултации со лекарскиот тим.
ВТА турнирот во Мајами се игра за награден фонд од 8.8 милиони долари.