Хајди Клум е ѕвезда на насловната страница на грчкото издание на „Вог“, каде што на три месеци пред 50-от роденден, германската манекенка го покажа своето лице речиси без шминка.

Клум позира во полупроѕирна блуза (без градник), мини-здолниште во крем-боја и сандали за насловницата на светски познатото списание, којашто беше објавена вчера. На друга слика од истото издание, таа е во јакна со крем-боја и долна облека.

„Јииипппппииии... Добив две корици“, напиша Хајди покрај фотографиите, заблагодарувајќи му се на списанието.

Во интервјуто, Хајди изјави дека ѝ се допаѓа што сега има повеќе разновидност во манекенството. - Во тоа време, сите модели изгледаа исто - имаа иста висина, исто слабо тело, иста коса... Денес застапено има многу различни типови изглед. Лично, ми се допаѓа да имам работа како модел, иако стареам, додаде таа.

Топ-моделката ја пофали и својата ќерка Лени Клум и нејзината растечка манекенска кариера. Всушност, тинејџерката ги следи стапките на мајка ѝ во светот на модата, а и студира на колеџ во Њујорк.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2023 14:34