Американскиот поп-пејач Џастин Тимберлејк е дел од новата рекламна кампања на „Луј Витон“. Имено, модниот бренд неделава, во соработка со јапонскиот дизајнер Јајои Кусама, ја објави својата колекција „Создавање бесконечност“ (Creating Infinity).

Во оваа, како што ја нарекоа, надреалистичка кампања со авангарден стил, Тимберлејк носи сина јакна со точки и - чанта украсена со мотиви на тиква, со потпис на Кусама. Оваа колекција на пазарот ширум светот ќе се појави на 31 март. Линијата вклучува и кожени производи, облека за мажи и жени и парфеми.

Покрај 42-годишниот пејач, во рекламите се појавија и други познати лица - глумиците Леа Сиду, Жоу Донгју и Хојеон Јунг.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2023 10:27