Британскиот боксер Ентони Џошуа изјави денеска дека ќе ја заврши својата успешна кариера доколку в сабота загуби од Американецот Џермејн Френклин.
Џошуа овој викенд во Лондон се враќа во рингот по двата последователни порази од Украинеџот Олександар Усик и најави дека ќе се повлече во случај на трет пораз во низа.
„Да. Ќе се пензионирам ако загубам. Тука не сум за да се борам со луѓето. Ако луѓето сакаат да се пензионирам, ќе се пензионирам“, рече Џошуа за лондонски „Дејли Мејл“.
„Нема да се борам ако луѓето тоа не го сакаат. Не станува тука збор ниту за парите, туку за конкурентите. Само тоа е важно. Притисокот доаѓа со работата. Кога ќе се пензионирам ќе бидам смирен. Ме ставивте под толку голем притисок и кога ќе завршам, прангите ќе се скинат. Ќе се смеам и ќе уживам во животот“, порача Џошуа.
Поранешниот светски првак во тешка категорија в сабота ќе се обиде да ја забележи својата прва професионална победа од декември 2020 година, кога со нокаут го совлада Бугаринот Кубрат Пулев.