Во организација на Амбасадата и Почесниот конзулат на Големото Војводство Луксембург, а во рамки на овогодинешната Неделата на франкофонски филм синоќа во Кинотека на Македонија, беше прикажан филмот од луксембуршка продукција „Неверојатната приказна на Фрици“, на режисерите Раиф Кукула и Матијас Брин.

Филмот ја раскажува приказната за девојчето Фрици кој во обид да го врати кучето Спутник кај нејзината најдобра другарка, Софи, се впушта во несекојдневна, но и опасна авантура во текот на есента 1989 година при што станува сведок и на падот на Берлинскиот ѕид.

„Неверојатната приказна на Фрици“ се прикажуваше на затворањето на веќе традиционалната Недела на франкофонскиот филм, како дел од Месецот на франкофонијата организирана од Францускиот институт Скопје и Амбасадата на Република Франција, а со поддршка на амбасадите на Романија, Белгија, Швајцарија и Луксембург.

Претходно, во текот на Неделата на франкофонски филм беа прикажани романскиот филм „Радио Метроном“, швајцарскиот „Последниот танц“, белгискиот „Последното искушение на Белгијците“, како и францускиот документарен филм „Деца на татковината“.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2023 12:15