Во рамките на програмата на Пингпонгарската федерација на Македонија и селекторот за развој и подобрување на квалитетот на младите репрезентации, се реализираше проектот тренинг камп во Сарбрикен, Германија, еден од најдобрите светски тренинг центри, во период од 14-18 март 2023 год. на кој учествуваа четири македонски репрезентативки : Моника Стајковска У13, Матеја Смолиќ У13, Фани Јованоска У15 и Софија Хасану У17, соопштија од ППФМ.
Тренинзите ги водеше Јоже Урх, еден од најголемите светски тренери заедно со селекторот Сашко Богатинов и голем број професионални спаринг партнери.
Македонските репрезентативки тренираа два пати дневно по три часа. Воедно ги следеа и тренинзите на големи професионални играчи какви што се: Патрик Франциска, Матео Мути, Петер Хрибар, Редзимски, Полански, Фадеев и многу други
Репрезентативките и селекторот беа придружувани од претседателот на ППФМ Горан Тиловски кој реализира неколку работни средби.