Раководството на Формула 1 пред претстојната Голема награда на Австралија им се закани со казни на сите тимови доколку член на клупскиот персонал се качи на заштитната ограда за време на прославата по завршување на трката.
Британските медиуми објавија денеска дека со овој чекор се става крај на долгогодишната традиција тимскиот персонал да ги отпоздравува своите возачи во моментот кога тие минуваат низ целната рамнина.
Одлуката ќе стапи на сила в недела кога на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн ќе се вози трката за Големата награда на Австралија.
На претходната трка за Големата награда на Саудиска Арабија дел од тимскиот персонал на Ред Бул и Астон Мартин се качи на врвот на заштитните решетки од металната ограда која беше поставена долж патеката во Џеда