Казахстанската тенисерка Елена Рибакина е првата финалистка на мастерсот во Мајами, откако во полуфиналниот дуел беше поуспешна од Американката Џесика Пигула со 7-6, 6-4.

Дуелот траеше 94 минути, а ова беше трет меѓусебен дуел на двете тенисерки и прва победа на Рибакина.

Претходно синоќа чешката тенисерка Петра Квитова обезбеди полуфинале, откако во три сета ја совлада Русинката Екатерина Александрова (6-4, 3-6, 6-3). Во борба за финалето Квитова ќе игра против Романката Сорана Кирстеа.

ВТА турнирот во Мајами се игра за награден фонд од 8.8 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2023 15:14