Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, смета дека условите за Големата награда на Австралија му помогнале на неговиот тим да го освои првиот подиум во тековната сезона во Формула 1.
На патеката „Алберт Парк“ вчера седумкратниот шампион Луис Хамилтон успеа да заврши на второто место, првиот подиум на Мерцедес во сезоната 2023 година.
- Инженерите успеаја да ги најдат вистинските поставки, што импресионираше многумина. Се верува дека на патеката за ГН на Австралија има многу тенка линија помеѓу вистинските поставки и погрешните. Патеката и асфалтот ни помогнаа. Изгледавме подобро отколку што всушност сме, објасни Волф подоцна.
Волф проговори и за проблемите во болидот на Џорџ Расел. За време на трката, моторот на пилотот се запалил, поради што морал да се повлече. Според Тото, на прв поглед проблемот е во еден од цилиндрите. Сепак, тимот ќе ја разгледа работата подетално подоцна во базата.