Дваесет и двократниот грен слем шампион Рафаел Надал ќе го пропушти Мастерсот во Монте Карло.

- Сè уште не сум подготвен да се натпреварувам на највисоко ниво. Нема да можам да играм на еден од најважните турнири во мојата кариера - во Монте Карло. Сè уште не можам да играм со максимални гаранции и да го продолжам процесот на подготовка, со надеж дека ќе се вратам наскоро, напиша Надал на социјалните мрежи.

Триесет и шестгодишниот Надал нема играно од 18 јануари, кога поради повреда на бутниот мускул загуби од Американецот Мекензи Мекдоналд во второто коло на Австралија опен (4:6, 4:6, 5:7).

Мастерсот во Монте Карло ќе се одржи од 9 до 16 април.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2023 12:25