Македонските репрезентативци во еспорт и годинава ќе учествуваат на Светското првенство, кое ќе се одржи во август во Романија.

Оваа година МЕСФ учествува со 16 репрезентативци на меѓунанордни натпревари во организација на Меѓународната Еспорт Федерација.

- Очекуваме солидни резултати и оваа година и се надеваме дека повторно ќе освоиме медал на Светското првенство. Овие победи се од големо значење за развој на еспортот кај нас и придонесуваат за популаризација на гејмингот како вистински спорт, изјави Бобан Тотовски, претседател на Македонската Еспорт Федерација.

Минатиот месец се одржаа националните квалификации за PUBG Mobile, Tekken 7, eFootball 2023 и CS:GO за Светското првенство.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2023 11:41