Детското драмско студио „ДрамаКидЗ“ што работи во рамки на Центарот за ,лултура „Григор Прличев“ во Охрид вечерва ќе ја има премиернатра изведба на театарската претстава „Мали vs ГОЛЕМ“.

Театарската претстава е коавторско дело на драматургот Кристина Тодороска Петреска и режисерот Ирена Стеријовска, а обработува теми од секојдневието на младите личности нивниот глас и размислувања, наспроти образовниот систем и воопшто светот на возрасните.

Режијата е на Ирена Стеријовска, драматургијата на Кристина Тодороска- Петреска, а стручен сорботник е Зоран Левески. Светло мајстор е Борис Велјаноски, а ментори Зоран Пејкоски, Ѓорѓи Ризески, Филип Кипровски, Павел Маслов и Стрезо Стаматовски.

Најавено е дека после премиерната изведба, претставата ќе продолжи да се игра во рамки на редовниот репертоар, како и организирано по училиштата.

Детското драмско студио „ДрамаКидЗ“ започна со работа од октомври 2022 година и брои 26 членови од трето до осмо одделение.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2023 10:26