Општина Велес по распишаниот конкурс избра и вчера потпиша договор со Здружението за култура, уметност и млади „Арт Генератор“ од Велес за организирање на второто издание на Фестивалот за џез, ворлд и современа музика кој ќе се одржи во септември во Велес.
Фестивалот е во рамки на Програмата за активности на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка,а во чии рамки и годинава ќе се реализира културната манифестацијата.
Општина Велес најави дека деновиве на својата веб-страница ќе ја соопшти и програмата на фестивалот.