Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини се повлече од Мастерсот во Монте Карло. Оваа недела тој го повреди стапалото во Есторил.

- Јас сум уништен. Сите знаете колку го сакам Монте Карло. Сакам јавно да им се заблагодарам на организаторите за вајлд-картата. Се надевам дека наскоро повторно ќе се вратам на теренот, напиша Фоњини на социјалните мрежи.

Фоњини, како и Гаел Монфис претходно доби вајлд-картата. Организаторите се уште не соопштуваат кој друг ќе добие специјални покани. Досега настапот во Монте Карло го откажаа уште и: Рафаел Надал, Карлос Алкарас, Феликс Оже-Алиасим, Пабло Карено-Буста и Денис Шаповалов.

Турнирот ќе се одржи од 9 до 16 април.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2023 12:05