Кристиан Стојани по потекло од Мала Преспа а сега живее во Германија, триумфираше на маратон одржан во Хамбург.
-Во овој германски град се одржа 42-то издание на трката ,,Insellauf’’, која се состоеше од три десциплини, односно, полумаратон, на 10 км и 5 км. Нашиот Стојани, трчаше на 5 км и се најде највисоко на пиедесталот, со постигнато време од 16:32, во трка во која учествуваа 2500 атлетичари, пренесува весникот Македониум.
„Insellauf’’ е една од најстарите и најтрадиционалните трки во Хамбург. Секој од учесниците, пријавени за учество на самата трка имаа можност да изберат помеѓу полумаратонот на островот Елба, островот ,,Десет”(10km) и трчањето на ,,Mühlenlauf’’ (5km).
Патеката за трчање е живописна, опкружена со прекрасни градини од минатото со цел љубителите на природата и спортот да уживаат за време на маратонското трчање.
Кристијан вели дека се чувствувал како да трча ,,cross country”, затоа што силниот ветар, како и калливиот дел од патеката, со кои се соочил помеѓу вториот и третиот километар, го попречиле во постигнувањето на уште подобар резултат.
-Оваа трка, за Стојани е уште една подготовка за она што следува во оваа сезона. Зимските подготовки поминаа доста добро, па сега започнуваме да ја засилување формата. Од самиот почеток, па се до самиот крај, се чувствував како да трчам соло трка. Се борев со силниот ветар, калливиот дел од патеката и неповолните временски услови. Го освоив првото место со што сум задоволен, изјавил тој. Секако, додал, дека можел и подобро, доколку временските услови биле подобри. - Сепак, секоја победа е уште еден поттик на мотивацијата со која се движиме напред, кон освојување на нови хоризонти. Секое качување на подиумот те прави да се чувствуваш посебен. Можам да изјавам дека за месец дена се гледаме на македонско тло, изјавил Кристијан Стојани.