Во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје викендов ќе се одржи ИТКФ Балкан опен шампионат во традиционално карате за сите возрасни категории и дисциплини.
Денес ќе настапат најмладите деца од 6 до 13 години, а утре ќе настапат кадетите, јуниорите, младинците и сениорите.
Македонската репрезентација брои 85 натпреварувачи, а вкупно ќе настапат 280 напреварувачи од шест земји.
Македонската традиционална карате федерација е организатор на Балкански шампионат по трет пат.