Украина официјално им забрани на своите спортисти да учествуваат на натпревари на кои настапуваат спортистите од Русија и од Белорусија.

Украинското Министерство за спорт соопшти дека им забранува на националните спортски екипи да учествуваат на олимписки, неолимписки и параолимписки натпревари, ако на нив се натпреваруваат спортисти од Русија и Белорусија.

Забраната уследи откако Меѓународниот олимписки комитет им дозволи на руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат како неутрални и покрај руската инвазија врз Украина.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2023 10:54